Дана Еден, израелската продуцентка на „Техеран“, хит шпионската серија на „Епл ТВ“, вчера е најдена мртва на 52 години во хотелска соба во Атина, Грција, за време на снимањето на четвртата сезона на серијата. Не е потврдена причината за смртта, но Ројтерс ја цитира грчката полиција кои изјави дека засега се третира како потенцијално самоубиство врз основа на првични докази и сведоштва.
Службеници на грчката полиција изјавија дека телото на 52-годишната жена е пронајдено откако нејзиниот брат неколку пати не успеал да ја добие. Локалната полиција издаде наредба за обдукција за да се утврди причината за смртта и започна со собирање снимки од безбедносните камери и сведочења од хотелскиот персонал.
„Ова е момент на голема тага за семејството, пријателите и колегите“, се вели во соопштението на продуцентската куќа „Дона и Шула продакшнс“. Се чини дека куќата се осврна на гласините на социјалните медиуми за вмешаност на ирански агенти, велејќи: „Продуцентската куќа сака да разјасни дека гласините во врска со смрт поврзана со криминал или национализам не се вистинити и се неосновани“.
Израелскиот јавен радиодифузен сервис Кан во соопштението изјави: „Жалиме за смртта на нашата колешка и партнерка во долга низа продукции, серии и програми во Израелската јавна радиодифузна корпорација – Дана Еден. Дана беше меѓу високите личности во телевизиската индустрија на Израел и одигра централна улога во создавањето и водењето на некои од најистакнатите и највлијателни продукции на корпорацијата. Нејзиното професионално и лично наследство ќе продолжи да ја обликува израелската телевизија уште многу години.“
Хју Лори глуми во неодамна лансираната трета сезона на „Техеран“. Создадена од Еден, Моше Зондер и Маор Кон, напишана од Тони Сеинт и Сајмон Ален, а режирана од Даниел Сиркин, во серијата глумат Нив Султан како хакерски агент на Мосад кој се инфилтрира во Техеран под лажен идентитет, Шон Туб и Шила Оми. Во 3-тата сезона се играат и Сасон Габаи, Феникс Раи и Бахар Парс.



