ЗАГИНАА ТРОЈЦА АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ ВО НАПАДОТ ВРЗ ИРАН

    ЗАГИНАА ТРОЈЦА АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ ВО НАПАДОТ ВРЗ ИРАНПретседателот на САД Доналд Трамп предупреди во видеоизјава вчера изутрината дека американските војници може да бидат убиени за време на операцијата. (Фото: АП)

    Тројца припадници на американската војска утринава се убиени во акција како дел од операцијата „Епски бес“, а уште петмина се „сериозно ранети“, соопшти Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) на Икс.

    „Неколку други претрпеа помали повреди од шрапнели и потреси на мозокот – и се во процес на враќање на должност. Главните борбени операции продолжуваат и нашите напори за одговор се во тек“, сооптшти ЦЕНТКОМ. „Ситуацијата е флуидна, па од почит кон семејствата, ќе задржиме дополнителни информации, вклучително и идентитетите на нашите паднати војници, до 24 часа откако ќе бидат известени најблиските роднини“.

    Не е јасно како се убиени војниците, но Иран од вчера се одмаздува за американските и израелските напади со напаѓање на американските воени бази низ регионот. Претседателот на САД Доналд Трамп предупреди во видеоизјава вчера изутрината дека американските војници може да бидат убиени за време на операцијата.

    „Животите на храбрите американски херои може да бидат изгубени, а може да имаме и жртви. Тоа често се случува во војна“, рече Трамп тој во видеото.

    Американската војска соопшти дека погодила ирански воен брод во пристаниште во Оманскиот Залив. Централната команда (ЦЕНТКОМ) во соопштението на Икс изјави дека американските сили нападнале иранска корвета од класата „Џамаран“.

    „Бродот моментално тоне на дното на Оманскиот Залив во јужното пристаниште Чабахар“, се вели во соопштението.

    Немаше непосреден коментар од Иран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира