ИРАН СЕ ЗАКАНИ СО УШТЕ ПОСИЛНИ НАПАДИ ВРЗ КИПАР, ГРЦИЈА ИСПРАЌА ВОЕНО ЗАСИЛУВАЊЕ

    ИРАН СЕ ЗАКАНИ СО УШТЕ ПОСИЛНИ НАПАДИ ВРЗ КИПАР, ГРЦИЈА ИСПРАЌА ВОЕНО ЗАСИЛУВАЊЕГрција кажа дека две фригати и два борбени авиона „Ф-16“ ќе бидат распоредени веднаш (Фото: Катимерини)

    Грција нареди испраќање воени сили на Кипар откако кон оваа членка на ЕУ беа лансирани неколку ирански дрона. Грчкиот министер за одбрана Никос Дендијас изјави дека две фригати и два борбени авиона „Ф-16“ ќе бидат распоредени веднаш.

    По неиспровоцираните напади на територијата на Кипар, Грција ќе придонесе на секој можен начин за одбраната на Република Кипар, со цел да се справи со заканите и нелегалните дејствија што се случуваат на нејзина територија“, рече Дендијас.

    Ова следува откако ирански дрон „шахед“ ноќеска ја погоди британската воздухопловна база во Акротири по одлуката на британскиот премиер Кир Стармер да им дозволи на САД да ги користи британските воени бази за напади врз Иран. Уште дронови биле лансирани кон базата денеска, но биле пресретнати, кажа портпаролот на кипарската влада.

    Висок заповедник на Иранската револуционерна гарда се закани со засилување на нападите врз Кипар.

    Американците го преместија поголемиот дел од своите авиони на Кипар. Ќе лансираме ракети кон Кипар со таков интензитет што Американците ќе бидат принудени да го напуштат островот“, изјави генералот Сардар Џабари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира