ПОЧИНА ДЕСЕТГОДИШНО ДЕТЕ ПО ПАД ОД ТЕРАСА ВО ТЕТОВО

    ПОЧИНА ДЕСЕТГОДИШНО ДЕТЕ ПО ПАД ОД ТЕРАСА ВО ТЕТОВОДетето било однесено во тетовската Клиничка болница со многу тешки повреди на главата од кои набрзо починало. (Фото: СДК.МК)

    Утрово почина десетгодишно дете откако паднало од тераса од зградата каде живеело во Тетово. Според првичните информации, детето паднало од поголема височина. Детето било однесено во тетовската Клиничка болница со многу тешки повреди на главата од кои набрзо починало.

    Несреќата се случи на улицата Видое Смилевски-Бато, попозната како Индустриска улица во Тетово.

    „Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми, паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово, а родителите за настанот биле известени од сосед, по што го однеле во болница. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител,телото на починатиот било дадено на обдукција“, соопшти СВР Тетово.

    Од тетовската Клиничка болница велат дека докторите вложиле големи напори да го спасат детето но повредите, најмногу на главата, биле многу тешки и детето набрзо по приемот во болницата починало.

    „Кога дојдов, детето веќе беше ставено во собата каде се примаат пациентите. Беше во бесознание, имаше големи посекотини позади скалпот кои што крвареа. Анестезиологот Драгиша Максимовски направи сè што можеше да го спаси животот на дететнцето, правевме и анимација на срцето, но за жал, сето тоа беше безуспешно бидејќи повредите беа многу тешки“, вели д-р Александра Бранко, начални;кa на Oдделението за максилофацијална хирургија при Клиничката болница во Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира