УМЕТНИЧКИ КУЌИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ ГО ОСУДИЈА ТИМОТИ ШАЛАМЕ ЗА ИЗЈАВАТА ДЕКА ОПЕРАТА И БАЛЕТОТ ВЕЌЕ НИКОГО НЕ ИНТЕРЕСИРААТ

    УМЕТНИЧКИ КУЌИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ ГО ОСУДИЈА ТИМОТИ ШАЛАМЕ ЗА ИЗЈАВАТА ДЕКА ОПЕРАТА И БАЛЕТОТ ВЕЌЕ НИКОГО НЕ ИНТЕРЕСИРААТШаламе кажа дека никогаш не би сакал да работи во балет или во опера (Фото: Гети)

    Уметници и уметнички куќи од целиот свет здружено ги осудија коментарите на холивудската ѕвезда Тимоти Шаламе дека операта и балетот веќе никого не интересираат. Тој разговараше со колегата Метју Меконахи на Универзитетот на Тексас за напорите да се зачува киното кога ја даде спорната изјава.

    Не сакам да работам во балет или во опера или работи за кои велат ‘одржувајте го ова во живот, иако веќе на никого не му гајле за тоа“, рече Шаламе, па се обиде да се извади:

    Сета почит кон сите луѓе од балетот и операта“.

    Коментарите на актерот предизвикаа критики од театарски ѕвезди, оперски куќи и балетски компании, додека некои ги искористија за промоција. Така Англискиот национален балет инсистираше дека уметноста е „не само жива и здрава, туку и цути“.

    „Над 200.000 луѓе дојдоа на нашите претстави, искусувајќи ја моќта на балетот. Нашата содржина на социјалните мрежи имаше над 65 милиони прегледи и се поврзавме со илјадници луѓе од сите возрасти и сфери на животот“, соопшти оваа установа.

    Операта на Сиетл ги искористи забелешките на актерот како маркетиншка можност за претстојната изведба на „Кармен“.

    „Сè што треба да кажеме е да го искористите промотивниот код Тимоти за да заштедите 14% за одредени места за ‘Кармен’ само овој викенд. Тими, добредојден си и ти“.

    Канадската мецосопранистка Дипа Џони ги опиша коментарите на Шаламе како разочарувачки став, додека холивудската ѕвезда Џејми Ли Кертис на Инстаграм праша: „Зошто некои уметници ги напаѓаат другите уметници?“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира