Во пожар во куќа на улица Вонвардарска во Тетово загина жена. Како што соопштија од СВР Тетово, пожарникарите откако го изгаснале пожарот забележале дека во внатрешноста на куќата има починато лице.
Жената, која била во повозрасни години, кога настанал пожарот била сама во куќата бидејќи сопругот бил излезен. Пожарникарите, кои биле повикани од соседите, за кратко го локализирале пожарот во една од собите.
„За жал, имаме една жртва во куќата. Отидовме да интервенираме со три камиони и со осум пожарникари. Човекот што бил со неа бил надвор од куќата. Соседите кои живеат околу нив забележале дека има чад и викнале противпожарна единица“, информираше Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.
На местото каде се случил пожарот се врши увид од страна на полицијата и Обвинителството за да се утврдат деталите за пожарот.
З. АНДОНОВ



