ГРУПА АРХИТЕКТИ СПРОВЕДЕ КОНКУРС ЗА ДА БИДЕ ПЕШАЧКА УЛИЦАТА КАЈ ГРЧКАТА АМБАСАДА, ПОБЕДНИЧКОТО РЕШЕНИЕ ЌЕ ГО ДОНИРА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

    ГРУПА АРХИТЕКТИ СПРОВЕДЕ КОНКУРС ЗА ДА БИДЕ ПЕШАЧКА УЛИЦАТА КАЈ ГРЧКАТА АМБАСАДА, ПОБЕДНИЧКОТО РЕШЕНИЕ ЌЕ ГО ДОНИРА НА ОПШТИНА ЦЕНТАРПобедничкото идејно решение на архитектката Сања Јаковлеска (Фото: Фејсбук)

    Улицата Мирослав Крлежа кај Грчката амбасада во Скопје да стане пешачка зона, предлага група архитекти. Организирани во „Мелеем маало“, тие во август распишаа конкурс за идејно решение за овој простор. Конкурсот е завршен и избрано е најдоброто идејно решение, кое ќе биде донирано на Општина Центар. Архитектите се надеваат дека Општината ќе го реализира овој проект според нивното донирано решение, кое дава свежина и боја на овој јавен простор.

    Првото место според гласовите на публиката и на професионалната комисија го освои архитектката Сања Јаковлеска.

    „Ова покажува дека луѓето се жедни за малку боја во градот и ние треба на тоа да одговориме. Нејзината уникатна визија ги стопли срцата на многумина. Ќе го прилагодиме проектот на постојната состојба, ќе го доработиме до основен и како таков ќе го донираме на Општината“, велат од „Мелеем маало“ и додаваат дека наскоро ќе биде објавен конкурс за уредување на нова локација во Скопје.

    Професионалното жири се состоеше од Доротеј Нешовски (уметник), Наталија Зафироска, Даница Павловска, Марија Димитриевска, Мила Димитровска, Ангела Ивановска, Елена Марковска, Сара Симоска (архитекти), Драган Стојановски (дизајнер на ентериер), Јане Стојаноски (урбан планер), Изабела Левенска-Миљаниќ (уметничка кураторка), Стефанка Хаџи Пецова (пејзажна архитектка) и Ирина Атанасков (архитектка и уметница).

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира