ЗАЕВ ОЧЕКУВА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА ДО ПЕТОК

    ЗАЕВ ОЧЕКУВА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА ДО ПЕТОКЗоран Заев дава изјава во Собранието по средбата со Јоханес Хан (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во Собранието, изјави дека очекува до крајот на неделава да биде свикано продолжение на прекинатата собраниска седница за избор на претседател.

    Откако ќе биде избран собранискиот спикер, тој ќе го исполни и барањето на претседателот Ѓорге Иванов, формално да го извести дека лидерот на СДСМ обезбедил 67 потписи за ново парламентарно мнозинство, за по 10 дена да му го даде мандатот, за кој постојано измислува причини да не му го даде.
    Заев на новинарско прашање дали ако Иванов не му го даде мандатот сепак, ќе се оди на гласање на нова влада од страна на парламентарното мнозинство, одговори дека останува на убедувањето дека Иванов ќе му го даде мандатот.

    Заев од Хан добил уверување дека по комплетирањето на Собранието и изборот на нова влада ЕУ ќе ги почне преговорите со ЕУ.

    „Европската комисија е спремна сериозно да  пристапи кон Република Македонија и реформите, отворајќи ги поглавјата 13 и 24, за да ги охрабри тие 75 отсто граѓани кои се уште веруваат во евроинтегративниот процес на земјата”.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира