СОВЕТОТ НА ОБВИНИТЕЛИ ЈА ОДБИ ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЛЕНЧЕ РИСТОСКА, КВАЛИФИКАЦИИТЕ ОД ПРЕМИЕРОТ НЕ БИЛЕ ПРИТИСОК ВРЗ НЕЈЗИНАТА РАБОТА

    СОВЕТОТ НА ОБВИНИТЕЛИ ЈА ОДБИ ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЛЕНЧЕ РИСТОСКА, КВАЛИФИКАЦИИТЕ ОД ПРЕМИЕРОТ НЕ БИЛЕ ПРИТИСОК ВРЗ НЕЈЗИНАТА РАБОТАИако премиерот ја нарече обвинителката „медиокритет со политичка матрица“, Советот зазеде став дека овие квалификации не претставуваат повреда на нејзиниот интегритет. (Фото: СДК.МК)

    Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно ја отфрли иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, која тврдеше дека врз нејзината професионална самостојност се вршат надворешни влијанија и притисоци. Ристоска во своето барање наведе дека нападите доаѓаат од политички структури на ВМРО-ДПМНЕ, а како пример ги посочи изјавите на премиерот и објавите на официјалната веб-страница на владејачката партија.

    Членот на Советот, Маријана Илиевска, во образложението на одлуката кажа дека Комисијата утврдила оти јавните напади не се директно поврзани со конкретни дејства кои би ја загрозиле независноста на обвинителката. Според Советот, отсуството на индивидуализација на влијанието оневозможува да се утврди реално загрозување на нејзиното работење.

    Иако премиерот ја нарече обвинителката „медиокритет со политичка матрица“, Советот зазеде став дека овие квалификации не претставуваат повреда на нејзиниот интегритет. Во заклучокот се вели дека таквите изјави не влијаат врз самостојноста на нејзиното одлучување во предметите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира