САД ПРОДОЛЖУВА СО ПОТРАГАТА ПО ПИЛОТОТ НА УРНАТИОТ АВИОН ВО ИРАН

    САД ПРОДОЛЖУВА СО ПОТРАГАТА ПО ПИЛОТОТ НА УРНАТИОТ АВИОН ВО ИРАНСпоред податоците на Пентагон, од почетокот на војната на САД и Израел со Иран, ранети се 365 американски војници. (Фото: Американска армија)

    Американските воени сили ја продолжуваат потрагата по исчезнатиот член на екипажот откако вчера во јужен Иран беше соборен борбен авион Ф-15. Другиот пилот кој бил во авионот е веќе спасен.

    Иранските власти понудија награда од околу 66.000 долари за граѓаните кои ќе помогнат во фаќањето на исчезнатиот војник. Истовремено, Иран тврди дека соборил и американски авион А-10 кој бил дел од мисијата за спасување на првиот авион. Пилотот на ова летало се катапултирал над Заливот и подоцна бил спасен.

    Американскиот претседател Доналд Трамп во изјава за „Ен-Би-Си“ вели дека САД се во војна. Тој рече дека соборувањето на борбениот авион нема да влијае врз евентуалните преговори со Иран.

    Според податоците на Пентагон, од почетокот на војната на САД и Израел со Иран, ранети се 365 американски војници. Од нив, 247 припаѓаат на копнената војска, 63 на морнарицата, 36 на воздухопловните сили и 19 се маринци. Бројот на загинати припадници на американската војска досега изнесува 13 лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира