УНИКАТЕН КОНЦЕРТ НА ТЕТОВСКИОТ ХОР „БАЛТЕПЕ“ КОЈ ПЕЕШЕ ОД ПЕШТЕРАТА ВО ЈЕГУНОВЦЕ

    УНИКАТЕН КОНЦЕРТ НА ТЕТОВСКИОТ ХОР „БАЛТЕПЕ“ КОЈ ПЕЕШЕ ОД ПЕШТЕРАТА ВО ЈЕГУНОВЦЕГрадскиот мешан хор „Балтеpe“, формиран во септември 2025 (Фото: СДК.МК)

    Новоформираниот Градски мешан хор „Балтепе“ од Тетово денес одржа уникатен велигденски концерт во пештерата во тетовското село Јегуновце, насловен „Блесоглас“. Публиката даде голем аплауз на разновидниот репертоар на хорот кој пееше од пештерата. „Го избравме ова место поради акустиката и уникатниот амбиент на пештерата“, рече диригентката на хорот Јасмина Ѓорѓеска-Каро.

    Публиката уживаше во богат репертоар со дела од различни музички епохи и жанрови. Се испејаа хорски дела од Лука Маренцио,   Добри Христов и неколку дела од Стефан Гајдов: „Леле Јано“, „Калеш бре Анѓо“ и „Момиче мало ѓаволо“.

    Во програмата беа и обработки на традиционални композиции од Глигор Кондовски, како и „Голем староградски валцер“ од Федор Вртaчник. Концертот заврши со сплет на светски познати духони песни на кои и публиката запеа заедно со хорот.

    Како солисти настапија солистите Бети Никлеска, Снежана Кузмановска, Слободан Ѓорѓески, Жарко Настоски и Ана Мирчевска Календар, со пијано придружба на Душко Дембоски, додека дел од композициите ги диригираше и Нена Волчевска. Градскиот мешан хор „Балтеpe“, формиран во септември 2025, иако релативно нов ансамбл, веќе има значајни настапи и најавува богата концертна активност во Македонија и надвор.

    КУД „Извор“ од Јегуновце (Фото: СДК.МК)

    Настанот го отворија и го завршија членовите на КУД „Извор“ од Јегуновце. Пештер e археолошко наоѓалиште од доцниот среден век во тетовското село Јегуновце. Sе наоѓа на околу 2 км источно од селото, во подножјето на Жеден кај истоимената месност. На неколку метри од Пештер е црквата Свети Ѓорѓи, а локалитетот е популарен како излетничко место за жителите на Тетовско.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира