ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА МОЖЕ ДА ФОРМИРА ВЛАДА И ДА ОСВОИ 62 ПРАТЕНИКА, ВЕЛИ ЗАЕВ

    ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА МОЖЕ ДА ФОРМИРА ВЛАДА И ДА ОСВОИ 62 ПРАТЕНИКА, ВЕЛИ ЗАЕВ

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека и да има нови избори и на нив ВМРО-ДПМНЕ да освои 62 пратеника, повторно нема да може да формира влада, бидејќи ќе нема со која албанска партија да коалицира. Заев денеска беше на увид на доказите во Основното јавно обвинителство, кое го сомничи за злоупотреба на изборна кампања.

    „Треба да се направи демократски трансфер на власта. Ако одат на избори, тие ќе изгубат, а ние ќе имаме неколку пратеници повеќе. По ова Ѓорге Иванов може да одлучи повторно да не го даде мандатот. Да претпоставиме дека Груевски на нови избори ќе добие 62 пратеници, со која албанска партија ќе коалицира тој“, рече Заев, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ добро знае дека македонските граѓани и меѓународната заедница очекуваат конкретни чекори.

    Прашан дали нешто се сменило по вчерашната посета на Хан и на тројцата европратеници, лидерот на СДСМ рече дека „и тоа како се смениле работите“.

    Ставот на ВМРО-ДПМНЕ, потврден и по вчерашната средба со еврокомесарот Јоханес Хан, дека единствен излез од кризата се или брзи избори или малцинска влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира