ЗА 2,5 ДЕНАРИ СЕ НАМАЛУВА ЦЕНАТА НА ДИЗЕЛОТ, ЗА 1,5 ДЕНАР НА БЕНЗИНИТЕ

    ЗА 2,5 ДЕНАРИ СЕ НАМАЛУВА ЦЕНАТА НА ДИЗЕЛОТ, ЗА 1,5 ДЕНАР НА БЕНЗИНИТЕСо одлука на Регулаторната комисија за енергетика се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73% во однос на минатата недела. (Фото: СДК.МК)

    Од полноќ, цената на бензините ќе се намали за 1,5 денари, а на дизелот за 2,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73% во однос на минатата недела.

    Цената на Еуросупер БС-95 ќе биде 82 денари за литар, на Еуросупер БС-98 е 84,00 денари за литар, на дизел горивото е 95,50 денари. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 96,50 денари, а на мазутот 49,227 денари за килограм.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира