СИМОН ТРПЧЕСКИ НА 13 АВГУСТ ЌЕ СВИРИ ВО ОХРИДСКИОТ АНТИЧКИ ТЕАТАР, А НА 14 АВГУСТ ВО БИТОЛСКА ХЕРАКЛЕЈА

    СИМОН ТРПЧЕСКИ НА 13 АВГУСТ ЌЕ СВИРИ ВО ОХРИДСКИОТ АНТИЧКИ ТЕАТАР, А НА 14 АВГУСТ ВО БИТОЛСКА ХЕРАКЛЕЈАПрвиот концерт на 13 август е во Античкиот театар во Охрид, а вториот на 14 август во Хераклеја во Битола. (Фото: К. Попов)

    Македонскиот пијанист со светска кариера Симон Трпчески летово ќе одржи два концерта на отворено во Македонија. Првиот на 13 август во Античкиот театар во Охрид, а вториот на 14 август во Хераклеја во Битола, објави продукцијата „Прагма“.

    „Овие два концерта се ретка можност публиката во Македонија да доживее уметник од светски ранг во автентичен, отворен и исклучително инспиративен амбиент“, велат од продукцијата.

    На 20 декември 2025, Трпчески одржа Новогодишен концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Во придружба на Оркестарот на Националната опера и балет (НОБ), ансамблот „Македонисимо“ и повеќе гости, а под диригентство на Сашо Татарчевски, Трпчески со концертот прослави 25 години исклучително богата, призната и наградувана кариера.

    Пијанистот на почетокот на концертот ѝ најави на публиката дека ќе има можност да ужива во една прекрасна музика, во „избор на дела од за нас прилично блиски како менталитет и народ и музика, па донекаде и традиции, а ќе прошетаме и низ Шпанија и Латинска Америка“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира