ЈАНЕВА СО БРЗОЗБОРКА НАЈАВИ НОВ СЛУЧАЈ НА „Т“

    ЈАНЕВА СО БРЗОЗБОРКА НАЈАВИ НОВ СЛУЧАЈ НА „Т“

    Специјалната обвинителка Катица Јанева вечерва со брзозборка вечерва го најави претставувањето на нов случај на „Т“.

    “’Транспортер носи тотал триста табли кај Тифани’. Прес конференција на СЈО утре (23.03.2017) со почеток во 11 часот“, објавено е на официјалната веб страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

    Јанева за најавата употребила стилска фигура што се вика алитерација, односно брзозборка – кога секој збор во реченицата почнува со иста буква.

    Ова ќе биде 13-от случај на СЈО што почнува на буквата „Т“, но во СЈО никогаш не открија зошто со оваа буква ги именуваат сите истраги.

    Првиот отворен предмет на СЈО со име „Титаник“ е за изборни манипулации во 2012 година.

    По него, СЈО го објави предметот „Тортура“, за нечовечно однесување при апсењето на лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

    Во „Тврдина“ СЈО сомничи началници од УБК за уништување системи за прислушување.

    „ТНТ“ беше за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина, Фијат Цаноски.

    „ Транспортер“ е за коруптивни дејствија во Општина Битола.

    „Трезор“ е за економски криминал за злоупотреба на средства од Буџетот на РМ од раководни лица во УБК и МВР.

    „Топлик“ е за оштетување на Буџетот за над 1,4 милион евра за злоупотреба на Законот за јавни набавки.

    Во „Тендери“ раководно лице од МВР се сомничи за фаворизирање на фирма за изградба на Музејот на македонската борба.

    „Таргет“ е за незаконско прислушување на илјадници луѓе во периодот од 2008 до 2015 година од страна на УБК.

    Потоа „Тенк“ е за набавка на службеното возило на поранешниот премиер кое чинело 572 илјади евра, средства од буџетот.

    „Тарифа“ се однесува на јавна набавка на софтвер за ЕЛЕМ.

    „Труст“ е за прекршување на постапката за јавни набавки, со што неколку лица се здобиле со противправна имотна корист од 17 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира