Шефот на американската морнарица Џон Фелан ја напушта владата на Доналд Трамп, објави Пентагон.
„Неговото заминување стапува во сила веднаш. Фелан ќе го замени досегашниот потсекретар Хунг Као“, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел.
Смената на Фелан следува среде војната во Иран и американската блокада на иранските пристаништа. Морнарицата не ги објави причините за заминувањето на Фелан.
Пред неколку недели, министерот за одбрана Пит Хегсет го разреши и шефот на американскатаа војска Ренди Џорџ, заедно со уште двајца заповедници.
Фелан, цивил кој претходно не служел во војската, стана секретар на морнарицата во март 2025, откако беше номиниран од Трамп. Како бизнисмен, тој беше голем донатор на кампањата на Трамп.



