КЕНИЕЦОТ САВЕ ВО ЛОНДОН СТАНА ПРВИОТ ЧОВЕК КОЈ ИСТРЧАЛ МАРАТОН ЗА ПОМАЛКУ ОД ДВА ЧАСА

    КЕНИЕЦОТ САВЕ ВО ЛОНДОН СТАНА ПРВИОТ ЧОВЕК КОЈ ИСТРЧАЛ МАРАТОН ЗА ПОМАЛКУ ОД ДВА ЧАСАСебастијан Саве постигна време од еден час, 59 минути и 30 секунди (Фото: АП)

    Себастијан Саве испиша историја на Лондонскиот маратон, станувајќи првиот човек кој истрчал натпреварувачки маратон за помалку од два часа.

    Триесетгодишниот Кениец постигна време од еден час, 59 минути и 30 секунди, повеќе од една минута побрзо од досегашниот рекорд на Келвин Киптум (2:00:35), поставен во 2023. На второто место заврши Јомиф Кејелча, кој исто така трчаше под два часа – 1:59:41, а и третопласираниот Џакоб Киплимо беше побрз од стариот светски рекорд – 2:00:28.

    Елиуд Кипчоге беше првиот човек кој завршил маратон за помалку од два часа, но тоа не беше официјална трка и трчаше во контролирани услови.

    Се чувствувам добро. Пресреќен сум. Ова е ден за паметење за мене. Добро ја започнавме трката. Приближувајќи се кон финишот, се чувствував силно. Конечно стигнав до целта, го видов времето и бев толку возбуден“, изјави Саве, кој победи и минатата година.

    Етиопјанката Тигст Асега го подобри светскиот рекорд во женска конкуренција, истрчувајќи време од два часа, 15 минути и 41 секунда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира