ГОЛЕМИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ЌЕ БАНКРОТИРААТ, ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ВРАЌААТ, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА

    ГОЛЕМИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ЌЕ БАНКРОТИРААТ, ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ВРАЌААТ, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКАОва значи дека нашите луѓе што живеат во Европа гледаат каква е ситуацијата, што не можеме да го кажеме за нас, напротив, добивме пофалби од ММФ и Светска банка во врска со консолидацијата на буџетот“, изјави министерката Гордана Димитриеска-Кочоска.(Фото: Влада на РСМ)

    Министерката за финанисии Гордана Димитриска-Кочоска вели дека во наредните 10-15 години десетици големи европски земји ќе банкротираат. Таа ова го изјава вчера, одговарајќи на новинарско прашање по настанот за формирање на Комитетот за јавни инвестиции, додавајќи дека Македонија добива пофалби од Меѓународниот монетарен  фонд (ММФ) и од Светска банка.

    „Населението старее низ цела Европа. Ова е општ проблем со демографијата. Она што го кажувате вие, го кажуваме и ние таму. Колку што се сеќавам во изминатиот период, во Владата, премиерот имаше средби со иселеници кои се враќаат. Дури и на Запад ситуацијата не е како што беше порано. Гледате што се случува. Има некои проекции што ги имаат меѓународните финансиски институции, во следните 10 до 15 години, големи европски земји, десетици, ќе банкротираат. Ова значи дека нашите луѓе што живеат во Европа гледаат каква е ситуацијата, што не можеме да го кажеме за нас, напротив, добивме пофалби од ММФ и Светска банка во врска со консолидацијата на буџетот“, изјави министерката Димитриеска-Кочоска.

    Претходно неделава, премиерот Христијан Мицкоски, рече дека секаде тешко се живее и ги спомена конкретно Германија и Австрија.

    „Тешко се живее и во Германија, еве сега се враќам од Австрија, тешко се живее и во Австрија, таму пак, литар бензин и дизел се над 2 евра, па сега морале да ослободат околу 50.000 барели од државните резерви за да може да амортизираат цена, секаде тешко се живее“, изјави Мицкоски.

    Во Македонија, индустриското производство во февруари годинава е намалено за 4,2 отсто во однос на истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Овој пад доаѓа по уште поизразеното намалување во јануари, кога производството беше пониско за 6,6 отсто во споредба со почетокот на минатата година. Податоците за првите два месеци од 2026 година покажуваат и континуирано кратење на бројот на работници во индустрискиот сектор.

    Според најновите податоци на Државниот завод на статистика за земјоделското производство, во текот на 2025 година во Македонија е забележан сериозен пад на производството кај сите овошни култури, иако истовремено има благ пораст на површините под овоштарници. Најдрастично намалување од 54,1 отсто е евидентирано кај црешите, каде што се собрани само 2.544 тони во споредба со 5.537 тони претходната година.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира