СО СМС ПОРАКИ ЗА НАПРАВЕН СООБРАЌАЕН ПРЕКРШОК СЕ БАРААТ 1.500 ДЕНАРИ ДА СЕ ПЛАТАТ НА ЛАЖНА СТРАНА НА МВР

    СО СМС ПОРАКИ ЗА НАПРАВЕН СООБРАЌАЕН ПРЕКРШОК СЕ БАРААТ 1.500 ДЕНАРИ ДА СЕ ПЛАТАТ НА ЛАЖНА СТРАНА НА МВРИзмамата се врши на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, истиот води на лажна веб страна на МВР.(Фото: К.Попов)

    СМС пораки за направени сообраќајни прекршоци стигнуваат на граѓаните и од нив се бара да платиат 1.500 денари. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека пораките ги испраќаат непознати лица преку странски телефонски број регистриран на Филипините +639606963624 и бараат наплата со платежна картичка за истиот на лажна веб страна што наликува на официјалната адреса на МВР –  http://mvr.govmk.cam/mk .

    „Измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, истиот води на лажна веб страна на МВР каде што бараат да се внесе регистарската табличка од возило и потоа се отвара нов прозорец каде е регистриран прекршок и  бараат наплата од 1,500 денари за истиот. Апелираме до граѓаните да бидат претпазливи и да не веруваат на пораки кои доаѓаат од нелегитимен веб сајт на Министерството, ниту да оставаат свои лични податоци и податоци од својата платежна картичка, кои потоа претставуваат цел на злоупотреба“, велат од МВР.

    Исто така Секторот за компјутерски криминал при МВР апелира до граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи со цел да не наседнуваат на измами од ваков тип.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира