МИНИСТРИТЕ И ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ МИНИСТРИ НА СДСМ ПОДНЕСОА ОСТАВКИ ВО ВЛАДАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    МИНИСТРИТЕ И ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ МИНИСТРИ НА СДСМ ПОДНЕСОА ОСТАВКИ ВО ВЛАДАТА

    Министрите и дополнителните заменици министри денеска поднесоа оставки на функциите во Владата.

    „Доколку Собранието се распушти, односно доколку се одлучи да се применува Одлуката на Собранието донесена на 23 февруари, со која се врши изменување на Одлуката за распуштање на Собранието донесена на 18 јануари 2016 година, бараме оставките претходно да се констатираат. Според Договорот од Пржино, министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ се дел од Владата која согласно договорот од 2 јуни 2015 и Протоколот кон Договорот од 15 јули 2015 година, е формирана со цел организирање фер и кредибилни избори, откако ќе бидат исполнети сите услови и точки од тој Договор“, пишува во соопштението на СДСМ.

    Од партијата велат дека СДСМ и опозицијата остануваат гаранти на заложбите за спроведување фер, регуларни и демократски избори во Република Македонија.

    Оставките на функционерите од СДСМ значат дека ако Собранието се распушти и одлучи да остане на одлуката изборите да се одржат на 5 јуни, СДСМ нема да биде дел од техничката влада која ќе ги подготвува и организира изборите.

    Со овој потег, СДСМ јасно става до знаење дека за нивната партија и за здружената опозиција условите за фер и демократски избори не се исполнети, а СДСМ не сака да им дава кредибилитет на, како што велат, уште едни криминални избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира