Градоначалничката на Аркадија во јужна Калифорнија поднесе оставка откако американското министерство за правда ја обвини дека делувала како таен агент на Кина. Педесет и осумгодишната Ајлин Ванг се изјасни како виновна пред градскиот совет на Аркадија и кажа дека се повлекува од функцијата.
Таа се соочува со максимална казна од десет години затвор. Нејзините адвокати кажаа дека Ванг се извинила и дека жали за грешките што ги направила во приватниот живот.
„Оваа спогодба е најновиот успех во нашата решеност да ја браниме татковината од напорите на Кина да ги корумпира нашите институции. Поединци кои тајно ги извршуваат наредбите на странските влади ја поткопуваат нашата демократија“, изјави обвинителот Бил Есајли.
Ванг е обвинета за следење упатства од кинески функционери, според министерството за правда, вклучително и за споделување поволни статии за Кина без да ја информира американската влада, како што е пропишано со закон.



