Машката ракометна репрезентација се пласираше на Светското првенство во Германија откако ја елиминираше Словачка во бараж-двомечот.
Во реваншот во Скопје, избраниците на Кире Лазаров славеа со убедливи 38:23, но голем дел од работата завршија на првата средба во Словачка, каде што победија со седум гола разлика.
Ова ќе биде десетти настап на Македонија на ракометните мундијали, од кои осми по ред. Светското првенство во Германија ќе се игра од 13 до 31 јануари во шест града.



