НЕМА ЕВИДЕНЦИЈА ЗА ПРИЕМОТ И ПОТРОШУВАЧКАТА НА ВАКЦИНИТЕ ВО ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ЗА 2024, ВЕЛИ ДРЖАВНИОТ РЕВИЗОР

    НЕМА ЕВИДЕНЦИЈА ЗА ПРИЕМОТ И ПОТРОШУВАЧКАТА НА ВАКЦИНИТЕ ВО ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ЗА 2024, ВЕЛИ ДРЖАВНИОТ РЕВИЗОРРевизорите дале неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2024 година. (Фото: СДК.МК)

    Приемот и потрошувачката на вакцини не е евидентиран во деловните книги на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Тоа е само една од забелешките во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кој изврши ревизија на финансиските извештаи на Институт за 2024 година. Во тој период директор беше Шабан Мемети.

    „Изразивме неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2024 година“, стои во извештајот на ревизорите.

    Извршена е ревизија на финансиските извештаи и за усогласеност со законите и прописите за 2016 година и изразено е неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива.

    Проверката на спроведување на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор е спроведена во текот на 2019 година кога е утврдено дека од дадените петнаесет препораки, четири препораки се спроведени, една е во тек, седум се делумно спроведени и три препораки се неспроведени.

    Со извршената ревизија на финансиските извештаи на Институтот за 2024 година утврдено е дека за приемот и потрошувачката на медицински материјали не е воспоставена целосна евиденција и не е извршено усогласување на податоците од сметководствената и материјалната евиденција со спроведениот физички попис на сите потрошни материјали. Ревизорите утврдиле не е направен во целост попис на побарувањата, а за побарувања во износ од 18.245 илјади денари кои се постари од три години не се преземени активности за наплата.

    „Аактивности предвидени со Националната годишна програма за јавно здравје за 2024 година не се спроведени во целост. Има неправилности поврзани со ангажирани лица со договор на дело и недоследности при издавањето на простор на Институтот под закуп“, стои во извештајот.

    Исто така, Заводот за ревизија забележува дека активностите предвидени со Националната годишна програма за јавно здравје за 2024 не се спроведени во целост; законски предвидените регистри кои се во надлежност на Институтот не се воспоставени; во дел од спроведените постапки за јавни набавки утврдени се слабости во примена на одредбите на Законот за јавните набавки; дел од медицинската опрема не е ставена во употреба; несоодветни исплати на плата и надоместоци на плата; неправилности поврзани со ангажирани лица со договор на дело.

    За овој извештај, поранешниот директор,  проф. д-р Шабан Мемети, и по него в.д директорката науч. сор. д-р Марија Андоновска, доставиле забелешки, од кои само една е прифатена, а останатите не се прифатени поради недоставени дополнителни докази.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира