Ексградоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, рече дека актуелниот градоначалник Сотир Лукровски според Законот за работни обврски треба да добие отказ оти три последователни дена не е дојден на работа.
„Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, по користењето на лажното боледување имаше обврска да се јави на работа на 30 мај. До денес, тој не е појавен на своето работно место. Член 82 од Законот за работни односи е јасен и вели ако работникот отсуствува од работа три последователни дена и не го оправда своето отсуство, му следува отказ без отказен рок. Сотир Лукровски може да отсуствува од работа доколку е на службен пат, годишен одмор или доколку е на боледување. Тој ниту е на службен пат, ниту е на годишен одмор, ниту, пак, докторите повеќе сакаат да му дадат боледување. Значи, со никаков документ не го оправдал своето отсуство од работа. Член 82 од Законот за работни односи важи за 500.000 вработени во оваа држава, само на другарот на премиерот Мицкоски не може да се применува. За Сотир Лукровски не важи овој, туку законот на премиерот Мицкоски, кој вели дека градоначалникот на Карпош после боледувањето требало да се одмори од лежење“, рече Јакимовски на денешната прес-конференција.
- ЛУКРОВСКИ МОРА ДА МИРУВА, РЕЧЕ МИЦКОСКИ ЗА БОЛЕДУВАЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРПОШ
- ЛУКРОВСКИ Е НА ШОПИНГ-ТЕРАПИЈА, РЕЧЕ ЈАКИМОВСКИ И ГО ПОВИКА КЛЕКОВСКИ ДА ГИ ПРОВЕРИ КАМЕРИТЕ ВО „СИТИ МОЛ“ ЗА БОЛЕДУВАЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРПОШ
- САМО РАБОТОДАВАЧОТ ЛУКРОВСКИ МОЖЕ ДА ПРОВЕРИ ВО ФЗО ДАЛИ Е ЛАЖНО БОЛЕДУВАЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЛУКРОВСКИ
Тој побара Државниот инспекторат за труд да направи контрола во Општината за отсуството на Лукровски.
Лукровски е на боледување повеќе од еден месец. Прашан зошто Лукровски не е вратен на работа кога боледувањето му е истечено на 30 мај, премиерот Христијан Мицкоски вчера рече дека здравствената состојба бара да мирува.
А. АНТЕВСКА



