ФИЛМОТ „8 МАРТ“ НА СРПСКИОТ РЕЖИСЕР СРЃАН ДРАГОЈЕВИЌ, СПОРЕД РАСКАЗ И СЦЕНАРИО НА РУМЕНА БУЖАРОВСКА, ДОБИ 314.000 ЕВРА ЗА КОПРОДУКЦИЈА ОД ПАНЕВРОПСКИОТ ФОНД ЕУРИМАЖ

    ФИЛМОТ „8 МАРТ“ НА СРПСКИОТ РЕЖИСЕР СРЃАН ДРАГОЈЕВИЌ, СПОРЕД РАСКАЗ И СЦЕНАРИО НА РУМЕНА БУЖАРОВСКА, ДОБИ 314.000 ЕВРА ЗА КОПРОДУКЦИЈА ОД ПАНЕВРОПСКИОТ ФОНД ЕУРИМАЖ„Веда филм“ од Скопје на продуцентката Елена Станишева е македонски копродуцент на филмот според расказот „Осми март“ од збирката „Не одам никаде“ на Бужаровска која е и косценаристка; - Драгојевиќ и Бужаровска на скопскиот Саем на книгата во 2024. (Фото: Три)

    Филмот „8 Март – Меѓународен ден на жената“ на српскиот режисер Срѓан Драгојевиќ по расказ на македонската псиателка Румена Бужаровска, во кој Македонија е малцински копродуцент, доби 316.000 евра од Еуримаж. Овој проект е меѓу 33 долгометражни филмови чија копродукција ја поддржа паневропскиот филмски фонд во вториот рок годинава, во вкупен износ од 10.212.000 евра . Меѓу поддржaните проекти се и 3 документарни и 4 анимирани филмови.

    „Веда филм“ од Скопје на продуцентката Елена Станишева е македонски копродуцент на филмот според расказот „Осми март“ од збирката „Не одам никаде“ на Бужаровска која е и косценаристка, што ќе се реализира како копродукција меѓу Србија, Германија, Хрватска, Романија, Бугарија, Словенија и Македонија, кој го поддржа со 3 милиони денари (околу 48.500 евра) во вториот рок на Конкурсот за 2025 година на Агенцијата за филм.

    Режисерот на популарните српски филмови како „Рани“, „Убавите села, убаво горат“, „Ние не сме ангели“, „Парада“, во април 2024 ни рече дека проектот „Осми март“ сакал да го снима уште пред повеќе години, само што ја прочитал нејзината збирка раскази. „Не одам никаде“ е последната зборка на Бужаровска. Нејзината претходна збирка „Мојот маж“ досега е преведена на четиринаесет јазици и е поставена како театарска претстава во шест земји.

    „Се запознавме со Румена, почнавме да се дружиме и во еден момент дојдов во Скопје да ги почнам подготовките за ‘Од рајот’ (Небеса). Румена ми се јави да ми каже дека мојот колега од Загреб, Бранко Шмит, сака да ја адаптира истата оваа приказна. Сметам дека е многу важно да се биде колегијален, и ѝ реков на Румена слободно да му ја даде приказната на Бранко, затоа што не се знае кога ќе можам јас да ја работам“, вели Драгојевиќ и кажа дека после тоа, Шмит ја развивал приказната со хрватска сценаристка, двапати конкурирал во Хрватскиот филмски фонд, не поминал, и на крајот се откажал.

    Од 33-те проекти што ги поддржа Еуримаж во оваа сесија, 16 треба да бидат режирани или корежирани од жени, што е 48,32% од вкупното доделените пари за финансирање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира