ЧЕТИРИЕСЕТ ЛУЃЕ СЕ УДАВИЛЕ ВО ФРАНЦИЈА КАПЕЈЌИ СЕ СРЕДЕ СИЛНИОТ ТОПЛОТЕН БРАН

    ЧЕТИРИЕСЕТ ЛУЃЕ СЕ УДАВИЛЕ ВО ФРАНЦИЈА КАПЕЈЌИ СЕ СРЕДЕ СИЛНИОТ ТОПЛОТЕН БРАНВо неколку европски држави топлотниот бран го достигнува врвот (Фото: Гети)

    Четириесет лица се удавиле во последните пет дена во инциденти поврзани со топлотниот бран во Франција, изјави премиерот Себастијан Лекорну, додека температурите достигнаа рекордни нивоа во неколку поголеми градови, а топлотниот бран достигна врв во некои европски земји.

    Пливањето во ненадгледувани области за време на топлотен бран носи ризици. Премногу луѓе се обидуваат да се разладат во реките и каналите без нужно да ги земат предвид ризиците“, изјави министерката за спорт и млади Марина Ферари.

    Меѓу жртвите е 13-годишно девојче, а еден млад професионален фудбалер е во критична состојба откако бил извлечен од реката Рона близу Лион.

    Франција, Шпанија и Италија досега се најтешко погодени од топлотниот бран. Франција вчера ги забележа своите најжежок јунски ден и најжешка ноќ откако се вршат мерењата, со минимален просек од 21,6 степени, според „Метео Франс“, а над половина од земјата е во црвен аларм.

    Во Шпанија, температурите достигнуваат над 40 степени во некои области, со црвен аларм во Андалузија на југ и Кантабрија и Баскија на север. Италија прогласи црвена тревога за топлотен бран во 15 градови, вклучувајќи ги Рим, Милано, Фиренца, Торино и Венеција.

    Неколкумина луѓе се удавиле и во Германија, каде што се најавуваат температури до +40 на западот и југозападот на земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира