Градоначалникот на Општина Брвеница Јовица Илиевски ненадејно почина денеска на 58 години. Веста за смртта на Илиевски, кој беше градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ја објави премиерот Христијан Мицкоски.
„Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше. Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со присуство и со резултати. Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби. Затоа граѓаните му ја дадоа довербата и за втор мандат. Ќе го паметиме и како голем вљубеник во спортот, човек со силна енергија, искрен пристап и отворено срце“, напиша меѓу другот Мицкоски во објавата на Фејсбук.
Илиевски е роден на 3 мај 1968 во Тетово, оженет и татко на две полнолетни деца. Од 1999 до ноември 2021 работи во Клиничка болница Тетово. За градоначалник на Брвеница прв пат беше избран на 11 ноември 2021 (за период 2021-2025) и вторпат на 2 ноември 2025 во вториот круг на Локалните избори, а на функцијата стапи на 13 ноември кога го прими Уверението за избор на градоначалник.
З. АНДОНОВ



