ДВАТА ДОМА НА АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС УСВОИЈА РЕЗОЛУЦИЈА СО КОЈА СЕ ОГРАНИЧУВААТ ВОЕНИТЕ ОВЛАСТУВАЊА НА ТРАМП

    ДВАТА ДОМА НА АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС УСВОИЈА РЕЗОЛУЦИЈА СО КОЈА СЕ ОГРАНИЧУВААТ ВОЕНИТЕ ОВЛАСТУВАЊА НА ТРАМПГрупа републиканци им се придружи на демократите во гласањето во Сенатот (Фото: ДПА)

    Американскиот Сенат, кој е под контрола на републиканците, одобри мерка со која му се наложува на претседателот Доналд Трамп да ја запре војната во Иран или да побара одобрение од Конгресот пред да продолжи со воените дејствија. Група републиканци им се придружи на демократите во гласањето, кое заврши 50:48. Истата мерка беше усвоена и од Претставничкиот дом овој месец.

    Резолуцијата е во голема мера симболична бидејќи, иако усвоена во двата дома на Конгресот, нема сила на закон.

    Републиканците во Конгресот изразија скептицизам во врска со мировниот план што Трамп го договори со Иран, додека непопуларниот конфликт се приближува кон својот петти месец.

    Трамп ја критикуваше резолуцијата, опишувајќи ја како лошо темпирана и бесмислена. Таа беше одобрена и од четворица републикански сенатори, додека еден демократ беше против.

    „Значи, го имам Иран на колена, подготвен да падне, а Сенатот на САД се одлучува за лошо темпирано и бесмислено гласање за Законот за воени овластувања. Овие сенатори само ми ја отежнаа работата, но ќе ја завршам, на еден или друг начин, бидејќи секогаш ја завршувам“, кажа Трамп.

    За првпат од воведувањето на Резолуцијата за воени овластувања во 1973 година, двата дома на Конгресот усвоија иста резолуција со која му се наложува на претседателот да прекине воена акција.

    Гласањето се одржа истиот ден кога Пентагон побара од Конгресот околу 80 милијарди долари, од кои поголемиот дел се наменети за плаќање на војната со Иран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира