ДВА МОЌНИ ЗЕМЈОТРЕСА ЈА ПОГОДИЈА ВЕНЕЦУЕЛА, СЕ СТРАВУВА ДЕКА ИМА МНОГУ МРТВИ

    ДВА МОЌНИ ЗЕМЈОТРЕСА ЈА ПОГОДИЈА ВЕНЕЦУЕЛА, СЕ СТРАВУВА ДЕКА ИМА МНОГУ МРТВИПрвиот земјотрес имал јачина од 7.2 степени според Рихтеровата скала, а вториот од 7,5 (Фото: АП)

    Два моќни земјотреса ја погодија Венецуела, при што, според последните потврдени информации, загинале најмалку 32 луѓе, а над 700 се повредени. Згради се урнаа и во и околу главниот град Каракас, изјави претседателката Делси Родригес.

    Првиот земјотрес имал јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала, со епицентар 160 километри западно од Каракас. Помалку од една минута подоцна се случи уште посилен земјотрес од 7,5 степени близу малиот град Сан Фелипе, според Американскиот геолошки институт.

    Се проценува дека бројот на загинати би можел да биде илјадници.

    Родригес рече дека првичните бројки не ги вклучуваат жртвите од сојузната државата Ла Гваира во близина на Каракас, каде што се наоѓа градскиот аеродром, која е најтешко погодена.

    „Десетици згради се урнаа и во моментов спроведуваме многу интензивни спасувачки напори за да спасиме што е можно повеќе животи. Ова е вистинска трагедија“, кажа Родригес.

    Доналд Трамп изјави дека САД се подготвени да ѝ помогнат на Венецуела.

    Имаме згради, домови и куќи кои се урнаа и се справуваме со тоа со сè што ни е на располагање“, изјави министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабело.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира