ЛИНА ЃОРЧЕСКА СЕ ПЛАСИРАШЕ НА ВИМБЛДОН

    ЛИНА ЃОРЧЕСКА СЕ ПЛАСИРАШЕ НА ВИМБЛДОНЃорческа е првата македонска тенисерка која се пласирала на еден гренд слем турнир (Фото: Фејсбук)

    Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше на главниот турнир на Вимблдон откако денеска во третото квалификациско коло ја победи Италијанката Лучија Бронцети со 6:1, 6:2. Бронцети моментално се наоѓа на 125. место на ВТА-листата, 98 позиции повисоко од 31-годишната македонска тенисерка.

    Ѓорческа на тој начин стана првата македонска тенисерка која се пласирала на еден гренд слем турнир.

    Ждрепката на двојките од првото коло на Вимблдон ќе се одржи утре. Турнирот трае од 29 јуни до 12 јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира