КРИМ ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ УКРАИНСКИТЕ НАПАДИ

    КРИМ ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ УКРАИНСКИТЕ НАПАДИКрим се соочува со економски проблеми откако беше суспендиран туризмот и беше забранета продажбата на гориво на населението (Фото: Телеграм)

    Руските власти на анектираниот полуостров Крим денеска прогласија вонредна состојба по неколку дена интензивни украински напади, поради кои беа воведени бројни ограничувања во јавниот живот. Полуостровот се соочува со економски проблеми откако беа суспендирани туризмот и детските кампови и беше забранета продажбата на гориво на населението.

    Сергеј Аксјонов, шефот на Крим поставен од Кремљ, кажа дека вонредната состојба ќе го олесни донесувањето одлуки за да се обезбеди стабилно работење на сите сектори од кои зависи егзистенцијата на населението.

    Во последните месеци, Украина често ги напаѓа енергетските, индустриските и другите цели во Русија за да ги поткопа нејзините воени капацитети и финансии, а воедно се обидува да ја отсече од Крим, анектиран во 2014 година. Нападите со беспилотни летала го влошуваат недостигот на гориво, при што дојде до зголемување на цените и долги редици на бензинските пумпи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира