Лина Ѓорческа го заврши својот историски настап на Вимблдон во првото коло. Најдобрата македонска тенисерка беше поразена од Аманда Анисимова со 6:3, 6:2 по точно еден час игра.
Американката беше голема фаворитка на овој меч како шеста носителка и ланска финалистка на Вимблдон.
Ова беше првиот настап на македонска тенисерка на еден гренд слем турнир. Триесет и едногодишната Ѓорческа се избори за тоа со три победи во квалификациите.



