Уапсен е тетовецот кој дошол со автомобил на кејот од Пена во Тетово и од багажникот извадил две вреќи со отпад што ги фрлил во реката. Фрлањето било снимен со камера и објавено на социјалните мрежи, по реагирала и тетовската полиција, па тој брзо бил идентификуван, го признал делото и е приведен во полициската станица.
„На 30.06.2026 година во 18:00 часот на улица Љубо Божиновски-Пиш во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б. С. (54) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Загадување на животната средина и природата казниво по член 218 од Кривичнот законик. По претходно објавено видео на социјалните мрежи на кое се гледа како возач на патничко моторно возило ‘цитроен’ со тетовски регистарски ознаки фрла бели вреќи со непознат отпаден материјал во реката Пена во близина на улицата Видое Смилевски-Бато, СВР Тетово презеде итни оперативни мерки. По извршените проверки на сопственоста и полномошно на возилото, пронајден е сторителот Б. С., кој на лице место го признал делото. На лицето му е издаден и прекршочен платен налог по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилото е фотодокументирано, а за настанот е известен дежурен Јавен обвинител. Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка“, соопши СВР Тетово.
З. АНДОНОВ



