ШТИПСКАТА ПОЛИЦИЈА ПРИВЕДЕ ДЕСЕТИНА ВОЗАЧИ КОИ ДИВЕЕЛЕ НИЗ ГРАДОТ СО МОТОРИ И АВТОМОБИЛИ

    ШТИПСКАТА ПОЛИЦИЈА ПРИВЕДЕ ДЕСЕТИНА ВОЗАЧИ КОИ ДИВЕЕЛЕ НИЗ ГРАДОТ СО МОТОРИ И АВТОМОБИЛИСамо за десетина дена биле изречени над 60 мерки против прекршителите (Фото: СДК.МК)

    Полицијата ги зајакна акциските контроли во Штип поради ноќни трки на моторџии и автомоболисти што неколку дена се одвиваат по главните улици во градот. За неполни десет дена биле приведени десетина лица кои со своиге мотори и автомобилии дивееле по штипските улици.

    На ваков чекор, полицијата се одлучила по честите реакции на граѓаните, кои пријавувале крајно недолично однесување по улиците во нивните населби и поради силната бучава преку ноќ, што не ги оставала да спијат.

    По првата акциска контрола и рутинските контроли во наредните денови, само за десетина дена биле изречени над 60 мерки против прекршителите кои возеле мотоцикли, четирицикли или електрични тронитенти.

    Според СВР Штип, седум лица возеле под дејство на алкохол, десет лица без возачка дозвола, неколку возачи биле малолетници, а други возеле со веќе изречена казна за забрана за управување на моторно возило. Слични мерки за исти или слични дела биле изречени и за возачи од Пробиштип, Кочани и Свети Николе.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира