НАТО ЌЕ ОБЈАВИ ДОГОВОРИ ЗА КУПУВАЊЕ ОРУЖЈЕ ВРЕДНИ ДЕСЕТИЦИ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    НАТО ЌЕ ОБЈАВИ ДОГОВОРИ ЗА КУПУВАЊЕ ОРУЖЈЕ ВРЕДНИ ДЕСЕТИЦИ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИМарк Руте кажа дека Европејците направиле неверојатни зголемувања на трошоците за одбрана (Фото: АП)

    Лидерите на НАТО пред самитот во Анкара ќе претстават договори за купување оружје во вредност од десетици милијарди долари, за да покажат дека ги почитуваат повиците на САД за трошење повеќе за одбрана на Европа. Европските влади ќе ги објават договорите на форумот на одбранбената индустрија на НАТО, пред Доналд Трамп да долета за самитот, кој почнува вечерва.

    Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека Европејците направиле неверојатни зголемувања на трошоците за одбрана, делумно поради стравувањата од Русија, но и поради тоа што Трамп исклучително силно ги охрабрувал да го направат тоа. Трамп долго време ги обвинуваше европските влади дека премногу се потпираат на САД за својата одбрана.

    „Сега создаваме сојуз кој е одржлив, каде што САД знаат дека тоа е фер договор“, рече Руте во пресрет на самитот.

    Тој минатиот месец изјави дека европските членки на НАТО и Канада лани потрошиле 90 милијарди долари повеќе за одбрана отколку во 2024 година, односно повеќе од 570 милијарди долари. Деталите за новите договори засега не се познати, но се очекува да вклучат производство на американски проектили во Европа, со што САД ќе имаат значајна улога во вооружувањето на континентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира