ВЕЛЕШАНКА ГО ПРОБОДЕЛА СО НОЖ ВОНБРАЧНИОТ ПАРТНЕР, КОЈ ЛАНИ ИМАЛ И КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОТИ Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ В КАФЕАНА

    ВЕЛЕШАНКА ГО ПРОБОДЕЛА СО НОЖ ВОНБРАЧНИОТ ПАРТНЕР, КОЈ ЛАНИ ИМАЛ И КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОТИ Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ В КАФЕАНАВелешката полиција ни потврди дека таа лани го пријавувала за насилство и дека против партнертот е поднесена кривична пријава до Велешото обвинителство. (Фото: СДК.МК)

    Жена со нож го прободела невенчаниот сопруг во Велес, кој во животозагрозувачка состојба е пренесен во Скопје. Велешката полиција ни потврди дека таа лани го пријавувала за насилство и дека против партнертот е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес.

    „На 6 јули во 19 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишната Т. Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг“, рече портпаролката на СВР Велес Ана Милеска-Ѓеоргиева.

    Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а Т. Д. била приведена и задржана во полициска станица. Полицајците го наште и го одзеле ножот.

    Од Велешката болница  велат дека повредениот бил прободен со нож во пределот на градите, а на приемот бил свесен.

    „Направено е компјутерско иследување и поради тоа што се работело за животно загрозувачка состојба истиот е препратен на клиника за градна хирургија за натамошен третман“, соопшти портпаролката на Општа болница Велес, д-р Анамарија Џунџева.

    Против Т. Д. полицијата поднела кривична пријава за кривично дело Убиство во обид и според членот од Кривичниот законик  сторено при семејно насилство за кое е предвидено казна доживотен затвор.

    На прашање до СВР Велес, дали Д. Т. која е осомничена во овој случај, има пријавувано насилство од невенчаниот сопруг, велешката полиција потврди дека имало пријава и оти има пуштено кривична пријава до ОЈО Велес. Тој живеел во вонбрачна заедница со осомничената, бил од Кавадарци каде имал сопруга од која не бил разведен.

    „На 22.12.2025 СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против сега оштетениот, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело Загрозување на сигурноста казниво по член 144 од Кривичниот законик. Имено тој на 14.12.2025 во угостителски објект во Велес ѝ се заканувал нa неговата вонбрачна партнерка Т. Д., по што бил лишен од слобода и задржан во полициска станица“, кажа портпаролката Милевска-Ѓеоргиева.

    На осомничената Т. Д. и е изречен притвор во траење од 30 дена од судија во предистражна постапка при Основен суд Велес по барање на обвинител од ОЈО Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира