СОЈУЗОТ НА БОРЦИ БАРА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА СКОПЈЕ И ЦЕНТАР ЃОРЃИЕВСКИ И ГЕРАСИМОВСКИ ДА ГИ ОБНОВАТ ОШТЕТЕНИТЕ И УКРАДЕНИ БИСТИ НА НАРОДНИТЕ ХЕРОИ

    СОЈУЗОТ НА БОРЦИ БАРА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА СКОПЈЕ И ЦЕНТАР ЃОРЃИЕВСКИ И ГЕРАСИМОВСКИ ДА ГИ ОБНОВАТ ОШТЕТЕНИТЕ И УКРАДЕНИ БИСТИ НА НАРОДНИТЕ ХЕРОИОд Сојузот на борци бараат законско решение со казни за уништување на бистите. (Фото: Сојуз на борци)

    Сојузот на борци ги повика градоначалниците на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски и на Општина Центар Горан Герасимовски, итно да преземат мерки за обновување на украдените и оштетени бисти на народните херои. Од Сојузот на борци од Општина Центар велат дека локалната и централната власт не се грижат за обележјата на паднатите борци.

    „Оваа појава зема замав и има за цел сквернавење и поништување на нашата историја, а таа појава им оди во прилог на оние кои ја оспоруваат македонската историја и независност. Претседателството на Сојузот на борци предлага обновување на бистите не само во нашата општина, и во градот Скопје и низ цела држава. Освен тоа, предлагаме да се изготви нов закон за спомениците и спомен-обележјата со казнени мерки за сквернавење, крадење или оштетување на спомениците и хероите кои со своите животи ја создадоа македонската историја и самостојна држава“, вели Петар Јанев, претседател на Сојузот на борци од Општина Центар.

    Од Сојузот на борци велат дела споменикот на херојот Васил Антевски-Дрен кој се наоѓа на тротоарот пред влезот на Судската палата е уништен, а оваа локација е со обезбедување 24 часа на ден, но никој не видел, ни чул. Исто е случајот и со бистите во Градскиот парк.

    „Негрижата иритира бидејки писмено се информирани Министерството за внатрешни работи и Општина Центар, а до денес нема одговор или реакција“, додаваат од Сојузот на борци.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира