ЌЕ ГО УДРИМЕ ИРАН СИЛНО ВЕЧЕРВА, СЕ ЗАКАНИ ТРАМП ОТКАКО КАЖА ДЕКА ПРИМИРЈЕТО Е ЗАВРШЕНО

    ЌЕ ГО УДРИМЕ ИРАН СИЛНО ВЕЧЕРВА, СЕ ЗАКАНИ ТРАМП ОТКАКО КАЖА ДЕКА ПРИМИРЈЕТО Е ЗАВРШЕНОСАД извршија напади врз Иран како одговор на нападите врз три танкери во Ормускиот Теснец (Фото: Би-Би-Си)

    Доналд Трамп се закани дека САД силно ќе го нападнат Иран вечерва, откако на самитот на НАТО во Анкара објави дека примирјето е завршено. Ова следува откако САД нападнаа повеќе од 80 ирански мети како одговор на нападите врз три танкери во Ормускиот Теснец. Иран возврати со удари врз американските воени бази во Кувајт и Бахреин.

    Го удривме Иран многу, многу силно ноќеска и веројатно ќе го удриме силно и вечерва. Им дадов мало предупредување“, рече Трамп, нагласувајќи уште еднаш дека на Иран не смее да му се дозволи да има нуклеарно оружје.

    Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека новите напади би можеле да бидат подлабоко во Иран, откако во изминатиот период беа ограничени на Ормускиот Теснец.

    Трамп уште еднаш се закани дека САД би можеле да го заземат стратешки важниот остров Карг и кажа дека се разгледува враќање на поморската блокада на иранските пристаништа, укината по потпишувањето на меморандумот за разбирање минатиот месец.

    Не сакам повеќе да се договарам со нив, тие се ѓубре. Што се однесува до мене, сè е завршено. Губење време е да преговараме со нив, тие се лажговци и нечесни луѓе. Преговарачите од двете страни можат да разговараат, но го губат своето време“, кажа Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира