НЕВРЕМЕ ВО БИТОЛА, РЕКИ СЕ СЛЕВАА НИЗ УЛИЦИТЕ

    НЕВРЕМЕ ВО БИТОЛА, РЕКИ СЕ СЛЕВАА НИЗ УЛИЦИТЕ

    Силното невреме кое вечерва ја зафати Битола создаде реки низ битолските улици. Голем дел од коловозите беа поплавени, а на одредени крстосници во центарот на градот се создадоа езера.

    Ризично беше и пред Безистенот во строгиот центар каде возилата беа до половина во надојдената вода.

    (Фото: СДК.МК)

    Реки се слеваа од повисоките делови на Битола кон пониските. Сообраќајот тешко се одвиваше, а дел од битолчани останаа заглавени низ улиците неможејќи да си дојдат во домовите.

    Во вода пливаа и сообраќајниците во населбите Стрчин и Карпош.

    Прокапе и таванот во Безистенот каде се одржуваше настан од јавен интерес, а поради невремето за подоцна беа одложени и други настани.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира