ВО НАПАД СО НОЖ ВО ПАРИЗ РАНЕТИ ТРИ ЖЕНИ, ОСОМНИЧЕНИОТ УАПСЕН ОД ПОЛИЦАЕЦ КОЈ НЕ БИЛ НА ДОЛЖНОСТ

    ВО НАПАД СО НОЖ ВО ПАРИЗ РАНЕТИ ТРИ ЖЕНИ, ОСОМНИЧЕНИОТ УАПСЕН ОД ПОЛИЦАЕЦ КОЈ НЕ БИЛ НА ДОЛЖНОСТПри приведувањето, осомничениот давал неповрзани изјави и одбил да открие вистински идентитет. (Фото: Икс/принтскрин)

    Француската полиција го уапси мажот кој денеска со кујнски нож рани три жени во Париз, од кои две се во критична состојба, објави министерството за внатрешни работи. Нападот се случи околу 11:30 часот на Порт де Клиши, во северозападниот дел на француската престолнина.

    Напаѓачот извадил нож од торба во близина на локален бар и прво нападнал жена која стоела до трамвајска станица, забивајќи ѝ го сечилото во пределот на колкот. Потоа го продолжил нападот врз уште две минувачки, нанесувајќи ѝ на едната рани во стомакот, а на другата во рамото.

    Повредените жени, на возраст од 19, 24 и 36 години, веднаш биле медицински згрижени и пренесени во болница. Според официјалните информации од властите, ниедна од нив не е во животна опасност, но состојбата на двете потешко повредени лица се оценува како сериозна.

    Осомничениот бил совладан и лишен од слобода од страна на полициски службеник кој во тој момент не бил на должност. При приведувањето, мажот давал неповрзани изјави и одбил да открие вистински идентитет, па надлежните апелираат на внимателност во однос на мотивите за насилниот чин. Националното обвинителство за борба против тероризмот ја следи ситуацијата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира