ИМАМЕ ПОГОЛЕМ РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА ОД ЕУ, ПРВИ СМЕ ВО ЕВРОПА ПО ЗГОЛЕМЕН ПРОЦЕНТ НА ТУРИСТИ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

    ИМАМЕ ПОГОЛЕМ РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА ОД ЕУ, ПРВИ СМЕ ВО ЕВРОПА ПО ЗГОЛЕМЕН ПРОЦЕНТ НА ТУРИСТИ, РЕЧЕ МИЦКОСКИМицкоски вели дека кредитот кој Владата го зеде од Унгарија бил добар двигател на економијата и довело до пораст на бруто домашниот производ. (Фото: Влада на РСМ)

    Премиерот Христијан Мицкоски вели дека политиките на Владата довеле раст на економијата за 3,5 проценти, што е за два проценти повеќе од растот во Европската Унија. Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање кажа дека кредитот кој Владата го зеде од Унгарија бил добар двигател но економијата и довело до пораст на бруто домашниот производ.

    „​Ако го анализирате третиот квартал 2024 година, којшто е прв наш квартал како Влада, заклучно со првиот квартал од 2026 година, ќе дојдете до заклучок дека македонската економија расте со 3,5% во реални параметри, додека пак кај нашиот најголем трговски партнер, а тоа е Европската Унија, порастот на економијата е околу 1,4%, а порастот на економијата во еврозоната е около 1,25%. Што значи дека во услови кога нашиот најголем трговски партнер економијата условно расте со два и пол пати помала стапка, ние благодарение на овие проактивни политики успеавме да обезбедиме значаен раст којшто нè доведе до оваа ситуација во којашто денеска сме, а во номинални услови нашата економија расте со над над 8%, што е нешто исто така многу значајно. ​И да бидам попрецизен, според Светска банка и според Меѓународен монетарен фонд, за две години оваа Влада номиналниот бруто домашен производ го зголеми за некаде отприлика 4,65 милијарди долари. Претходната Влада за 6 години го зголеми номиналниот бруто домашен производ за 4,5 милијарди долари“, рече Мицкоски при посетата на Општина Илинден.

    Премиерот кажа дека владините мерки и владината иницијатива за привлекување  на туристи дале одлични резултати оваа година.

    „Имаме голем скок кај доаѓањата на на нашите аеродроми и тоа впрочем го нотира Светска банка извештајот објавен во јуни, каде ја рангира Македонија како прва земја во Европа по зголемениот процент на доаѓања на гости и зголемениот процент на на странски доаѓања и преноќувања, нешто што за нас е навистина импресивно. Тој процент е 40% споредено со претходната со претходната година и тоа е за нас големо признание, посебно што тоа учествуба во БДП и јас очекувам тоа да се забележи во вториот квартал од годинава“, рече Мицкоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира