УНЕСКО ГО ТРГНА СТАРИОТ ГРАД НА ВИЕНА ОД ЛИСТАТА НА ЗАГРОЗЕНО НАСЛЕДСТВО ОТКАКО ГРАДОТ ЈА НАМАЛИ КАТНОСТА НА СПОРНАТА ВИСОКОКАТНИЦА

    УНЕСКО ГО ТРГНА СТАРИОТ ГРАД НА ВИЕНА ОД ЛИСТАТА НА ЗАГРОЗЕНО НАСЛЕДСТВО ОТКАКО ГРАДОТ ЈА НАМАЛИ КАТНОСТА НА СПОРНАТА ВИСОКОКАТНИЦАВо 2017, Стaрото градско јадро на Виена беше ставено на „црвената листа“ на УНЕСКО поради контроверзниот проект за изградба на висококатница. (Фото: Селебрити крузис)

    УНЕСКО одлучи да го отстрани Стариот град на Виена (првиот виенски округ) од Листата на светско наследство во опасност. Одлуката ја соопшти Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, кој заседава во јужнокорејскиот град Бусан до денес.

    Во 2017, Стaрото градско јадро на Виена беше ставено на „црвената листа“ на УНЕСКО поради контроверзниот проект за изградба на висококатница. УНЕСКО ги критикуваше плановите затоа што се сметаше дека висококатницата ќе го наруши историскиот карактер на центарот на Виена.

    Оттогаш, планираната зграда, која првично требаше да достигне максимална височина од 73 метри, беше редизајнирана, при што нејзината височина е намалена на нешто помалку од 50 метри. Сепак, ревидираниот проект сè уште треба да помине постапка за проценка на влијанието врз животната средина.

    Ова подрачје е впишано на Листата на светско наследство на УНЕСКО од 2001, благодарение на неговата единствена урбана целина, која опфаќа градби од средниот век, барокниот период, како и од крајот на 19. и почетокот на 20. век.

    По најновата одлука донесена во Бусан, на Листата на светско наследство во опасност остануваат 58 локалитети. Повеќето од нив се загрозени од вооружени конфликти, природни катастрофи и последиците од климатските промени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира