ДИЏЕИТЕ ПОЛ ВАН ДАЈК И ПОЛ ОКЕНФОЛД ЌЕ НАСТАПАТ НА 16 АВГУСТ ВО СТРУМИЦА КАКО ДЕЛ ОД ПРОСЛАВАТА ЗА 35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ

    ДИЏЕИТЕ ПОЛ ВАН ДАЈК И ПОЛ ОКЕНФОЛД ЌЕ НАСТАПАТ НА 16 АВГУСТ ВО СТРУМИЦА КАКО ДЕЛ ОД ПРОСЛАВАТА ЗА 35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТНастапите на Пол ван Дајк и Пол Окенфолд ќе бидат во Градскиот парк во Струмица. (Фото: Фејсбук)

    Пионерите на транс музиката, диџеите Пол ван Дајк и Пол Окенфолд, ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“ која започнува на празникот 2 Август-Илинден  во Битола, а завршува на Денот на независноста, 8 Септември во Скопје.

    Настанот ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, соопштиja Бобан Милошески од „Авалон продукција“ и портпаролката на Владата Марија Митева на денешната прес-конференција во Струмица.

    Прславата на 35 години независност ќе кулиминира со настапот на Дејвид Гета на 8  септември на стадионот „Тоше Проески“,  по музичкиот спектакл на 1 септември  на Плоштадот Македонија во Скопје на кој главна ѕвезда ќе биде шпанскиот тенор Хозе Карерас.

    Владата претходно објави дека се подготвува и мјузикл со учество на над 100 уметници во склоп на прославата на 35 години независност на Македонија. Тој ќе се изведе во 15-ина градови низ земјава во текот на август и септември, а неговиот идеен творец и режисер е Дејан Пројковски.

    Владата и „Авалон продукција“ сѐуште немаат објавено колку ќе чини прославата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира