ОСУММИНА ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ БИТОЛА

    ОСУММИНА ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ БИТОЛАДиректорката Ненси Лозанче соопшти дека еден од повредените е опериран, а другите засега се во стабилна состојба. (Фото: СДК.МК)

    Осум лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која утрово се случи на патот од излезот на Битола кон Прилеп. Повредените патници се пренесени во Клиничката болница во Битола.

    Директорката Ненси Лозанче соопшти дека еден од повредените се оперира, а другите засега се во стабилна состојба. Од пациентите двајца се на Одделението за ортопедија, а останатите 6 на хирургија.

    „Клиничката болница е спремна да одговори на задачата. Сите пациенти се следат и доколку е потребно ќе се интервенира“, рече Лозанче.

    Од СВР Битола велат дека во текот на денот ќе дадат подетални информации за насреќата. Магистралниот пат Битола- Прилеп е блокиран за сообраќај.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира