СЕВЕРНА КОРЕЈА СЕ СПРЕМА ДА ИСПРАТИ ДО 50.000 ВОЈНИЦИ ВО РУСИЈА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

    СЕВЕРНА КОРЕЈА СЕ СПРЕМА ДА ИСПРАТИ ДО 50.000 ВОЈНИЦИ ВО РУСИЈА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИПутин и Ким потпишаа договор за сеопфатно стратешко партнерство во јуни 2024 (Фото: АП)

    Володимир Зеленски изјави дека до 50.000 севернокорејски војници ќе бидат испратени во Русија и воедно ја повика Јужна Кореја да обезбеди поддршка за украинската противвоздушна одбрана.

    Донесена е одлука за распоредување на 30.000 до 50.000 Севернокорејци на територијата на Русија“, кажа Зеленски, без да објасни како ја добил информацијата.

    Тој рече дека се пронајдени неколку севернокорејски ракети на територијата на Украина, без да ги открие нивните локации.

    „Апсолутно е јасно дека Северна Кореја ќе продолжи да го гради своето искуство во модерното војување и да добива лиценци и секакви воени алатки од Русија“, кажа Зеленски.

    Владимир Путин и Ким Џонг Ун потпишаа договор за сеопфатно стратешко партнерство во јуни 2024. Пактот вклучува одредба за меѓусебна помош доколку се соочат со надворешна агресија. Северна Кореја испратила околу 14.000 војници во рускиот регион Курск во 2024, помагајќи ѝ на руската војска да ги истера украинските сили, кои претходно извршија изненадувачки упад.

    Северна Кореја, исто така, ѝ испорачала на Русија милиони гранати, балистички ракети, артилерија со долг дострел и ракетни лансери, според украинските и независните проценки. Овој месец беше објавено дека севернокорејска ракетна единица почнала да се распоредува во западна Русија и би можела да биде опремена со 120 балистички ракети и шест лансери за напади врз Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира