Дванаесет лица загинаа, а 47 се повредени откако полски туристички автобус излета од унгарски автопат и заврши во канал.Службите за итна помош соопштија дека уште 10 лица се тешко, а 37 полеснo повредени.
Полицијата соопшти дека автобусот се превртел откако излетал од автопатот М3, кој го поврзува главниот град Будимпешта со североисточниот град Њиреѓхаза, ноќеска околу 01:00 часот. Полицијата претпоставува дека возачот заспал зад воланот. Тој е приведен.
Според извештаите на државните медиуми, пожарникарите досега спасиле 35 од вкупно 57-те патници и двајцата возачи кои се наоѓале во возилото.
Службите за итна помош се обидувале да ја подигнат задната оска на автобусот тежок 24 тони за да ги извлечат луѓето заглавени под него, пред да пристигнат крановите за подигнување на целото возило, јави новинската агенција МТИ.
Унгарската служба за итна помош соопшти дека згрижила едно лице со повреди опасни по живот, девет лица со тешки повреди и уште 37 лица со полесни повреди.
Премиерот на земјата, Петер Маѓар, упати „искрено сочувство“ до семејствата на жртвите и им посака брзо закрепнување на повредените.



