САД ЗАПОЧНАА ОПЕРАЦИЈА ЗА ЕКОНОМСКА ИЗОЛАЦИЈА НА ИРАН, ТЕХЕРАН ВЕЛИ ДЕКА ОДАМНА СЕ СПРЕМАЛ ЗА ОВА

    САД ЗАПОЧНАА ОПЕРАЦИЈА ЗА ЕКОНОМСКА ИЗОЛАЦИЈА НА ИРАН, ТЕХЕРАН ВЕЛИ ДЕКА ОДАМНА СЕ СПРЕМАЛ ЗА ОВААмериканскиот министер за финансии Скот Бесент рече дека САД ќе ги прекинат сите економски врски со Иран, а секоја земја која финансиски соработува со него ќе биде изолирана (Фото: ДПА)

    Иран вели дека има двегодишен план за спротивставување на проширените санкции откако САД објавија „економски ден Д“ против земјата и им се заканија на нејзините поддржувачи. Како одговор на она што американскиот министер за финансии Скот Бесент го нарече „најголема финансиска офанзива досега“, иранскиот министер за економија Али Маданизадех рече дека Иран е „целосно подготвен за американските санкции, кои ќе резултираат со уште еден пораз за Вашингтон.

    Бесент рече дека САД ќе ги прекинат сите економски врски со Иран и додаде дека секоја земја која финансиски соработува со него ќе биде изолирана.

    Иран долго време чекал на овие планови. Владата беше и е подготвена и има двегодишен план за управување со овие настани. И ние имаме свои алатки и знаеме како да ја играме играта“, кажа Маданизадех.
    Тој додаде дека Кина и Русија не ги прифатиле мерките на САД и предвиде дека и други земји ќе им се спротивстават.

    Војната, на која не се гледа крајот, доведе до зголемување на глобалните цени на нафтата, а како одговор на најновата закана, Иран предупреди дека ќе го прекине целиот извоз на нафта од регионот и издаде ново предупредување до бродовите да не минуваат низ Ормускиот Теснец без дозвола.

    Најавувајќи ја операцијата Економски отпадник“, Бесент рече дека САД започнуваат економски напад врз финансиските врски на Иран низ целиот свет.

    „Иран сега се соочува со многу јасен избор: целосна глобална изолација или пат кон нормалност, со можност повторно да се приклучи на глобалната економија. Министерството за финансии на САД ги мапираше мрежите, олеснувачите и финансиските канали што ги користи Иран за да ги избегне нафтените санкции. Ваквите акции ќе ја затегнат јамката и ќе го блокираат секој потенцијален извор на приходи за Иранската револуционерна гарда и за поширокиот ирански режим“, кажа Бесент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира