ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ГОЛЕМ УКРАИНСКИ НАПАД ВРЗ МОСКОВСКИОТ РЕГИОН, ЗАПАЛЕНА РАФИНЕРИЈА ВО ГЛАВНИОТ ГРАД

    ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ГОЛЕМ УКРАИНСКИ НАПАД ВРЗ МОСКОВСКИОТ РЕГИОН, ЗАПАЛЕНА РАФИНЕРИЈА ВО ГЛАВНИОТ ГРАДГрадоначалникот на Москва изјави дека е оштетен објект во рафинерија за нафта (Фото: Телеграм)

    Најмалку две лица загинаа, а шест се повредени во масовен ноќен украински напад со беспилотни летала врз московскиот регион, изјави гувернерот Андреј Воробјов.

    Тој соопшти дека биле соборени 249 дронови и пријави пожари во неколку станбени куќи и еден магацин. Во главниот град Москва била оштетена рафинерија за нафта, а на два аеродрома биле воведени ограничувања за летовите.

    На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат експлозии на ноќното небо во регионот на Москва, како и запален магацин. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека дрон удрил во зграда во близина на булевар во главниот град и дека е оштетен објект во рафинерија за нафта.

    Биле соборени 450 беспилотни летала кои се движеле кон Москва. Овој напад без преседан бил јасно испланиран со цел да се попречат изборите. Непријателот не успеа во тоа“, рече Собјанин.

    И Русија и Украина продолжија да ја гаѓаат енергетската инфраструктура, и покрај тврдењето на Доналд Трамп дека тие се договориле да не го прават тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира