Европската Унија планира да ги укине санкциите за двајца руски олигарси, воведени по почетокот руската инвазија врз Украина во 2022, што предизвика гнев во Киев.
Франција се залагаше за отстранување на руско-узбекистанскиот милијардер Алишер Усманов од списокот, наведувајќи загриженост за националната безбедност, додека Луксембург побара укинување на санкциите за руско-израелскиот бизнисмен Михаил Фридман, кој ја тужи земјата, барајќи ослободување на замрзнатите средства.
Латвија првично се спротивстави на договорот, но се согласи на компромис, кој, меѓу другото, вклучува тригодишно продолжување на санкциите за речиси 3.000 други поединци и субјекти.
Украинските власти кажаа дека овој потег е неприфатлив и дека испраќа погрешен сигнал до Русија.
„Москва слави бидејќи го доби она што го сакаше: чувство на неказнивост, понижување на ЕУ и поделби помеѓу Европејците“, изјави министерот за надворешни работи Андриј Сибиха.
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, ја поздрави можноста двајцата олигарси да бидат отстранети од списокот, тврдејќи дека санкциите на ЕУ се незаконски.
ЕУ ги замрзна средствата на Усманов во 2022, опишувајќи го како олигарх со многу блиски врски со Владимир Путин. Иницијативата на Франција наводно е поврзана со евентуален договор со Азербејџан за ослободување затвореници.
Еден од водечките руски финансиери Фридман е роден во Украина и во почетокот се залагаше за брз крај на војната, но никогаш не го осуди Путин.



