САД ИЗВРШИЈА РАКЕТЕН НАПАД ВРЗ СИРИЈА

    САД ИЗВРШИЈА РАКЕТЕН НАПАД ВРЗ СИРИЈАФотографија од американската морнарица направена на бродот од каде што се лансирани ракетите кон базата во Сирија (Фото:АП)

    САД извршија ракетен напад на воздухопловната база југоисточно од Хомс во Сирија како одговор на сомнежите дека од таа база бил извршен нападот со хемиско оружје во вторнико,т кога загинаа над 80 луѓе од нервен гас во градот Кан Шеикун во провинцијата Идлиб.

    Пентагон соопшти дека лансирал 59 ракети Томахавк во 04.40 по сириско време, од воените бродови во Средоземното море.

    Во телевизиско обраќање, претседателот Доналд Трамп изјави дека базата што е бомбардирана е местото од каде што е извршен хемискиот напад. Тој ги повика „сите цивилизирани нации“ да помогнат да се стави крај на војната во Сирија.

    Сирија го осуди ракетниот напад како агресија и објави дека во нападот имало жртви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира